Панцероти
1. Во сад се ставаат сувите состојки (брашно, сол, шеќер, квасец во прав, прашок за печиво) и убаво се мешааат.
2. Потоа се додаваат коцките путер, јајцето, јогуртот, водата и масло (по потреба) и се замесува тесто.
3. Така добиеното тесто се дели на топчиња (со големина по желба).
4. На набрашнета површина со сукало се развлекува секое топче и се премачкува со доматно пире (во кое сме ставиле оригано и босилек), се ставаат рендан кашкавал, шунка и печурки и се преклопува, а краевите се затвораат со прсти.
5. Панцеротите се премачкуваат со јајце и се печат 20-25 мин на 200 степени.
* Тврдиот путер (од фрижидер) му дава посебна текстура на тестото (го прави меко и воздушесто) и истото не треба да се остава да отстои туку веднаш може да се работи.
Лиценца: Сите права се задржани
Исто важи и за тебе и за сите понови членки - Колку повеќе со дополнителните фотографии се објаснува рецептот, толку повеќе има приоритет при изборите.
Значи фотографии од подготовката кои подобро објаснуваат одредена постапка; Пресек, особено кај торти и колачи, како и тесто; Диплење, филување, сецкање...итн :)
Се надеваме дека во иднина ќе добиваме што покомплетни рецепти.
П.С. Овие панцероти сигурно ќе ги пробаме :)