Панцероти
Состојки
- Тесто
- 4 чаши брашно
- прстофат сол
- прстофат шеќер
- 1 лажичка квасец во прав
- 1 лажичка прашок за печиво
- 100 гр путер (од фрижидер, исечен на коцки)
- 1 јајце
- 150 мл јогурт
- 100 мл вода
- по потреба масло
- Полнење
- по желба кашкавал
- по желба шунка
- по желба печурки
- по желба доматно пире
- по желба оригано
- по желба босилек
- 1 јајце (за премачкување)
Подготовка
1. Во сад се ставаат сувите состојки (брашно, сол, шеќер, квасец во прав, прашок за печиво) и убаво се мешааат.
2. Потоа се додаваат коцките путер, јајцето, јогуртот, водата и масло (по потреба) и се замесува тесто.
3. Така добиеното тесто се дели на топчиња (со големина по желба).
4. На набрашнета површина со сукало се развлекува секое топче и се премачкува со доматно пире (во кое сме ставиле оригано и босилек), се ставаат рендан кашкавал, шунка и печурки и се преклопува, а краевите се затвораат со прсти.
5. Панцеротите се премачкуваат со јајце и се печат 20-25 мин на 200 степени.
* Тврдиот путер (од фрижидер) му дава посебна текстура на тестото (го прави меко и воздушесто) и истото не треба да се остава да отстои туку веднаш може да се работи.