Пињолите потпечете ги на сува тава, малку да замирисаат. Оставете да се оладат.
Расучете го одмрзнатото лиснато тесто во правоаголник со дебелина од околу 3 - 5 мм.
Пресечете го тестото на половина. Секој дел премачкајте го со половината од пестото, одозгора наронете половина од сирењето, распоредете ги половина од сувите домати и пињолите. Ако сирењето не е доволно солено, лесно посолете.
На пократката страна завиткајте го тестото во двоен ролат.
Средината попрскајте ја со малку вода и добро залепете.
Завиткајте го ролатот во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер барем 1 час. Повторете го истото со другата половина од тестото.
Вака завитканите ролати можат да се остават во фрижидер и до другиот ден.
Кога ке сакате да ги печете, загрејте ја рерната на 220 Ц.
На плехот од шпоретот ставете хартија за печење. Секој ролат исечете го на плочки со дебелина 1 цм, наредете ги на хартијата и ставете да се печат во загреаната рерна. Намалете ја веднаш температурата на 200 Ц и печете дваесетина минути додека да се заруменат Палмиерс - ите.
Оладете ги на жица.
Ако не ви се потрошат веднаш, чувајте ги во добро затворена кутија за што подолго да останат крцкави.
Мене ми се најдобри малку подоладени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови