23
дек
2015
Палента со сусам и црно семе
1. Во тенџере на оган се ставаат 3 чаши вода и откако водата ќе зоврие се додава 1 чаша палента и прстофат сол.
2. Кога палентата ќе почне да се згуснува се додава 1 чаша јогурт, 100-150 гр рендано сирење, 2 лажици сусам и 1 лажица мелено црно семе.
3. Добро се промешува и кога палентата ќе започне да се лепи за лажицата е готова и се трга од оган.
Лиценца: Сите права се задржани