27
фев
2014
Палачинки со фил и мелени бисквити
Од сите состојки правиме смеса за палачинки и истата ја оставаме 20 мин. да одмори. Потоа во специјално тавче за палачинки (претходно малку намрсено и загреано) ги правиме палачинките. Овие палачинки ги филував со малку растопена нутела или друг крем ако сакате, над нутелата ги ставив мелените бисквити, кокос, парчиња кругови банана и се превиткуваат. Украсете со шлаг, ореви, можи и кокос.
Еден летен одмор во Грција ми даде инспирација во филот да ставам и бисквити, а пред тоа секогаш ги правев без бисквити. Пробјате нема да згрешите.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови