Павлов венец
Павлова торта овој пат подготвена како венец. Нежна и елегантна како и балерината Ана Павлова на која и е посветена оваа торта. Од овошје ставив мандарини и малини и тоа скромно... Мислев дека нема да ми ја сакаат дома ако си ставам јас по мој ќеиф ама и многу брзав за да ја фотографирам и послужам. Арно ама овошјето е тоа што и дава убавина и освежување на оваа прекрасна торта, па така за секое поделено парче си доставаа овошје по вкус.
Подготовка
1. На хартија за печење која ја сечеме со димензии на округла тава бр.28, цртаме 8 кругови, ама не до крај на хартијата, па ја превртуваме. Белките кога ќе се печат ќе нараснат па да не ни доаѓаат и ни се залепат на страниците на тавчето.
2. Ја вклучуваме рерната на 90 степени да ни се загрее.
3. Белките ги матиме со миксер за да побелат, па постепено додека се матат им го ставаме шеќерот. На крајот ставаме густин и оцет и соединуваме.
4. Смесата од белки ја ставаме во шприц или пак со лажица, на местата каде што сме нацртале кругови.
5. Печеме во загреана рерна 1 час и потоа оставаме уште 1 час да се излади во рерната.
6. Белото чоколадо со 3 лажици слатка павлака го растопуваме на пареа, во микро или на најниска температура на рингла. Оставаме кратко да подизлади.
7. Го матиме заедно со слатката павлака, шлагот го ставаме во шприц и на секој испечен круг (пуслица) ставаме подеднакво од филот.
8. Редиме овошја по желба и вкус.
Забелешка
Венецов може да си го украсите по желба, со рендано чоколадо, бадем листови, нане, џем од овошје, едноставно по ваш вкус.
Лиценца: Сите права се задржани