Прекрасен ручек, кој кај нас во Охрид е познат како комад, а можеби во другите краеви на земјата се вика поинаку, но како и да е превкусен.
1. Најпрво го замесуваме тестото, брашното и квасецот ги ставаме со поголем сад, додаваме една лажичка сол, и една лажичка брашно ( ова може но и не мора) и постепено додаваме млака вода ( колку вода ќе ви треба зависи и од самото брашно) додека не добиеме убаво меко тесто. Така добиеното тесто го оставаме да надојде.
2. Во меѓувреме сирењето го рендаме. Откако ќе надојде тестото, правиме 6-7 еднакви топки тесто кои ги растегнуваме малку ги намрсуваме и почнуваме со сукање на комадот. На набрашнета површина ја сукаме првата кора, ја попрскуваме со масло, ставаме на цела кора сирење и ја собираме пополека, правиме една витка и ја ставаме во намрсена тепсија. Ова го повторуваме со сите кори.
3. Пред да го печеме го напрскуваме пак со малку масло од горе и печеме во загреана рерна околу 30на минути на температура од 200 степени, додека не зарумени убаво, и потоа уште 10на минути го оставаме да позори на послаба температура ( ова е охридски незнам како е на литературен јазик ).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови