Осмомартовски ружички со солен фил
Стаса и март, а со март и убавиот празник на жената. Па еве еден рецепт кој може да ја краси вашата трпеза за денот. Ги пробав и со моцарела ама за мене овие ружи со полнеж од кашкавал и мелено месо беа совршенство.
Еве ја подготовката:
1. Кромидот и лукчето ги пасираме. Ги додаваме во меленото месо, па зачинуваме.
2. Лиснатото тесто го делиме на ленти. На секоја лента на едната страна и ставаме кашкавал, па ставаме врз него од меленото месо, како лента. Превиткуваме, па полека роламе како цвет. Краевите горе ги завратуваме кон надвор, како да ја отвараме ружата.
3. Така спремните ружи ги редиме во калап за мафини и веднаш ги печеме. Декоративни се, а и многу вкусни.
Не можам да кажам колку испаѓаат затоа што зависи од големината на лентите кои ги сечете од лиснатото.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови