Освежителна оранж торта во чаша
Оранжада..портоколада... торта во чаша. Кој е за интензивен и кремаст вкус на портокал еве повелете рецепт.
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени
2. Ги матиме белките да побелат, го ставаме шеќерот и продолжуваме со матење до згуснување на смесата.
3. Ги додаваме останатите состојки и промешуваме со шпатула за да ни остане воздушеста смесата.
4. Смесата ја распоредуваме во намрсен и набрашнет калап и печете во загреана рерна.
5. Откако ќе се испече го боцкаме на повеќе места и го преливаме со сок од портокал.
6. За подготовка на филот одвојуваме дел од млекото и во него гои разматуваме јајцата заедно со густинот и со шеќерот.
7. Млекото во кое сме нарендале портокал го ставаме да се загрее до вриење, па потоа ја додаваме смесата со жолчките.
8. Кога ќе се згусне го тргаме на страна и му додаваме путер да се растопи, за на крајот да ја додадеме и киселата павлака. Промешуваме и кремот ни е готов.
9. Со лажица земаме парчиња од колачот и ставаме во чаша па ги прелеваме со кремот.
10. Декорираме со слатка павлака и карамел или пак само со рендана кора од портокал и парчиња портокал.
Забелешка
Портокалите оставете ги во вода во која сме раствориле сода бикарбона, па потоа истрлајте ги пак со сува сода бикарбона и добро измијте ги. Колку-толку да се отстранат нечистотиите од кората.
Бисквитното тесто го печев во калапот за чизкејк на делимано. Дали е печен ќе пробате со чепкалка.
Кремот можете да го истурите и веднаш врз бисквитното тесто и така да ви стои во тавата, па по потреба да си земате со лажица и да си сервирате во чаша.
Лиценца: Сите права се задржани