
Освежителен намаз од авокадо
Овој рецепт е на мојот сопруг, експериментален меѓутоа многу вкусен намаз.
 Авокадата треба да бидат меки. Се отстрануваат семките и се ставаат во сад во кој подоцна ќе се пасираат со толчник, не во блендер поради текстурата.
 Се додаваат сувите зачини, сецканите ореви, маслинките, магдоносот и се заедно се толчи за да се соединат сите вкусови заедно. Потоа се додаваат течните состојки кои убаво се промешува и на крај се додаваат павлаката и сенфот и се заедно убаво се промешува додека се добие насекаде еднаква бледо зелена боја.
 Кога ќе се добие убава смеса со мала текстура, значи не целосно мазна хомогена, намазот е подготвен за јадење. Уште повкусен е кога ќе одстои некој час.
 Може да се конзумира како намаз за доручек, како прилог за ручек или најдобро кажано одговара со се што е солено.
 Забелешка. Да се чува во затворен сад во ладилник. После неколку часа или веќе наредниот ден бојата ќе стане малку потемно зелена и со сигурност трае една недела се разбира доколку не се изеде порано =)
 Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови



















Ве молам додадете свеж магдонос пола шака, 1 супена лажица маслинов зејтин и суви зачини (сол, бибер, лукче во гранули, куркума и копар по жела) Ви благодарам