Ориз со сос од печурки и тофу сирење
Тофу сирењето исечете го на коцки од 2цм. Маслото, киселината и соја сосот измешајте ги во една чинија и ставете го сирењето. Оставете го да се маринира најмалку 1/2 час и притоа мешајте го да прими од сите страни.
Подгответе го сосот од печурките.
Шампињоните исечете ги на тенки ливчиња.
Кромидот ситно исецкајте го и малку пропржете го во тава со маслиново масло. Додајте ги печурките, измешајте и оставете ги да се динстаат додека течноста им испари. Потоа додајте го доматниот сос, маслинките исечени на тркалца, каперите и ориганото. Оставете ги да поварат неколку минути колку да се спои вкусот. Ако е потребно додајте и сол. Тргнете го на страна и на топло и подгответе го оризот.
Кромидот ситно исецкајте го и со оризот пропржете ги во тава со маслиновото масло. Додајте ја водата и зачините по вкус и оставете го да вари, да испари течноста.
Додека се вари оризот, Тофу сирењето малку пропржете го во тава или на грил тава со малку масло, колку да добие боја.
Во 4 чинии се става од оризот, над него сосот, по неколку коцки сирење и се служи топло.
Лиценца: Сите права се задржани