
17
мај
2014
Oриз со кисело млеко
Кромидот се сече на ситни коскички и се пржи на зејтин. Кон пржениот кромид се додава измиениот ориз и се пржи додека стане стаклест. Ако убаво се испржи се избегнува можноста да се лепи.
Оризот се зачинува по вкус, се додава киселото млеко и водата и убаво се меша. Се префрла во тавче во кое ќе се пече и се става во загреана рерна 20-25 минути. Во тавчето се распоредува и свинското месо.
Може да се подготви и без месо или месо по свој избор но оваа комбинација навистина е вкусна.
Лиценца: Сите права се задржани