Орев тортици со портокал
1. Ги матиме јајцата со шеќерот потоа го додаваме растопениот и оладен маргарин, млекото, мешаме и го додаваме брашното, оревите какаото и пециво. Печеме во поголем плех од електричен шпорет на 200 степени. Кога ќе се испече и олади кората ја попрскуваме со сок од портокал и кората ја сечеме вертикално на половина.
2. Половината од млекото го загреваме со шеќерот, во остатокот го раствараме брашното и додаваме во загреаното млеко, па вариме густ крем. Оставаме да олади. Кога е оладено кремот го соединуваме со претходно изматен маргарин со прах шекер. Ги додаваме и мелените ореви и изрендана кора од портокал мешаме кремот да се соедини.
3. Редиме кора, го ставаме целиот крем и одозгора другата кора. Одозгора декорирате по ваша желба чоколадна глазура или шеќерна глазура.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови