Ах, тој вкус на портокал. Незаменлив е ...особено за Новогодишните празници. Кај нас мора да има нешто со вкус на портокал, за да се почувствува вистинскиот амбиент на Божиќ.

Подготовка
1. Излупете и изрендајте ги јаболката. Шеќерот со 20-30 мл вода ставете го на огин, да почне да се топи, па додајте ги јаболките. Варете додека смесата убаво да згусне.
2. Излупете ги портокалите и симнете ја белата ципа (кожичка). Портокаловиот дел од кората исечете го на тенки ленти. Ставете ги водата и шеќерот на огин, па кога ќе проврие ставете ги тенките лентички од портокал. Варете додека скоро целата вода да испари. Извадете ги лентите и увалкајте ги во шеќерот во прав.
3. Во разладената смеса од јаболки додадете ги мелените ореви и кандирана кора од портокал, која сме ја исекле на коцкички. Измешајте и правете бомбици кои ќе ги валкате во кристал шеќер. Оставете ги да се сушат.

Забелешка
Имав големи портокали и некако ми се виде многу кора за во бомбиците, па ја намалив во нив, а тоа што ми остана го извалкав во кристал шеќер, па ни остана нешто од кандираната кора од портокал и за грицкање...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани