Често подготвуван десерт во египетската кујна, а веке стана омилен и во мојата кујна. Едноставен, лесен за подготовка, а вкусот одличен! Пробајте и уверете се.
Подготовка
1. Лиснатото тесто со оклагија развлечето го на набрашнета површина и ставете го да се пече во плех на хартија за печење. Оставете да се олади.
2. Искршете го тестото на ситни парчиња и ставете го во еден подлабок сад. Додадете ги мелените лешници, кокосот и сувото грозје и убаво промешајте. Смесата ставете ја во намастена тава.
3. Во едно мало тенџере сварете го млекото со шеќерот и со него потурете ја смесата во тавата.
4. Слатката павлака изматете ја и неа распоредете ја одозгора врз смесата.
5. Печете на 220° околу 10 минути. Внимавајте да не ви изгори!
Наместо лиснато тесто може да ставите кроасани исечени на парчиња. Искрено, мене повеќе ми се допаѓа со лиснатото а вие пробајте како вам повеќе ви се допаѓа.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани