Причинете им на децата уште една во низата - детска забава. Спремете ја смесата и заедно со нив креирајте украси за вашиот Бор  или едноставно децата сами ќе изберат каде и како...
 
- Во касеролата ставете ја водата, содата и густинот, разматете и ставете на оган да се вари се до згуснување. Треба да добиете смеса како кога се прави тестото за еклери или густ пудинг.
Тргнете, извадете на работната површина, домесето го, расукајте во една примерна дебелина, земајте модлите во рака, вадете фигури, креирајте или нека креираат децата како што тие си замислиле. Оставете да се исушат, а сушењето не трае долго време.
- Врз белите фигури - кој има десна и лева рака, плус е креативен, ќе ги нацрта божем купечки.
- Доколку сакате да бидат во боја, тогаш во густинот ставете боја во прав онаква каква што сакате, понатаму е исто.
- Врз расуканото тесто можете да посипете различни џаконии, па уште еднаш со сукалото поминете преку нив за да се залепат за тестото. Готово - шарени фигури ќе имате.
И така драги мои,  забавувајте се, причинете им на децата уште една радост, направете им уште една забава....

Напомена
- Отворот за да спроврам врвца го праев едноставно, кога ќе ја исечевме фигурата, задолжена бев да со маталката од миксерот свртена наопачки да налегнам и направам отвор. Тоа е мојот удел во оваа детска работа.
Користам приликата нашето креативно ЛУДО да го поздравам и ќерка Дамјана нека прави, а Огнен синко ќе распоредува каде што ќе се закаче.
- Имав и слики од припремата за да биде појасно, но за жал по грешка наместо да кажам да се копират сликите од апаратот, јас по грешка стиснав Да се бришат и така - отидоа, но ветувам дека ако викендов правам повторно, ќе поставам слики од припремата. Верувам дека е јасно напишано, сосема лесно се прави и дека не е проблем што додатните слики ги нема.
Поздрав и уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани