Сакав само да ви покажам како од тестото кое го замесив за интегрален леб.. Сакав да му дадам друг лик, одлулив да го сплетам. Многу не можам текстуално да го опишам, туку ќе поставам слики. Важно да замесите тесто од 500 гр. брашно, поделете го на шест еднакив делови, исукајте фитили од нив, ставете по три - едни хоризонтално, другите три вертикално и почнувате да плетете. Навистина не можам со текст да го објаснувам, би сакала внимателно да ги погледнете дополнителните фоторгафиии.
Јас сега ова го плетев од тестото за интегрален леб, а сум го плетела и тестото од Сладкиот леб за кој што имам овде рецепт, но не е таа плетка, затоа ви велам од секое киснато тесто можете да го сплетете овој турбан. Откако ќе го сплетете, погледнете на сликата. Со раката на внатре крајот од оваа плетенка свијте го испод и така формирајте го турбанот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани