Од домашната работилница - Детска забава
Причинете им на децата уште една во низата - детска забава. Спремете ја смесата и заедно со нив креирајте украси за вашиот Бор или едноставно децата сами ќе изберат каде и како...
- Во касеролата ставете ја водата, содата и густинот, разматете и ставете на оган да се вари се до згуснување. Треба да добиете смеса како кога се прави тестото за еклери или густ пудинг.
Тргнете, извадете на работната површина, домесето го, расукајте во една примерна дебелина, земајте модлите во рака, вадете фигури, креирајте или нека креираат децата како што тие си замислиле. Оставете да се исушат, а сушењето не трае долго време.
- Врз белите фигури - кој има десна и лева рака, плус е креативен, ќе ги нацрта божем купечки.
- Доколку сакате да бидат во боја, тогаш во густинот ставете боја во прав онаква каква што сакате, понатаму е исто.
- Врз расуканото тесто можете да посипете различни џаконии, па уште еднаш со сукалото поминете преку нив за да се залепат за тестото. Готово - шарени фигури ќе имате.
И така драги мои, забавувајте се, причинете им на децата уште една радост, направете им уште една забава....
Напомена
- Отворот за да спроврам врвца го праев едноставно, кога ќе ја исечевме фигурата, задолжена бев да со маталката од миксерот свртена наопачки да налегнам и направам отвор. Тоа е мојот удел во оваа детска работа.
Користам приликата нашето креативно ЛУДО да го поздравам и ќерка Дамјана нека прави, а Огнен синко ќе распоредува каде што ќе се закаче.
- Имав и слики од припремата за да биде појасно, но за жал по грешка наместо да кажам да се копират сликите од апаратот, јас по грешка стиснав Да се бришат и така - отидоа, но ветувам дека ако викендов правам повторно, ќе поставам слики од припремата. Верувам дека е јасно напишано, сосема лесно се прави и дека не е проблем што додатните слики ги нема.
Поздрав и уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани
љиљо, со младунче се изнаигравме, мераци, мераци :)
направивме и бели и додадовме боја испадна супер боите, па со калапчиња....мераци мераци. младунче го снема. глас не му се слушаше
НАШАТА НОВОГОДИШНА ЕЛКА <3
заљубена сум во неа, нема шанси да ја симнам од ѕид. ионака дрвените лампиони што ни ги подари лили лани, цела година стоеа на ѕид :) :) :) :)
па.... (си ја вади паломата)
мили мои пријателки, знам дека изминатава година не бев со вас толку често колку што сакав да бидам, ама знам дека знаете колку сакав да бидам, нели? :)
ви посакувам да сте среќни и весели, 100 пати повеќе од мене, а јас сум едно среќно дебело суштество <3
Лудвиг - Срекни празници, желби за безгиржно детство на вашиот подмладок - многу здравје, многу љубов.... и лелееее, јас сум пресрекна - само да ме видиш како сум седнала и едноставно срекно се чувствувбам... Дамјана пораснала... па многу креативна.... благодарам Лудвиг што го удостоивте рецептот и плус ја красат оваа преубава и креативна елка...
Инаку тестото е многу лесно за работа. Јас ги боцкав на стапчиња за да бидат декор во саксија. Слика ќе ставам кога ќе бидат комплетно завршени :)
Поздрав :)
Blagodaram, ti si napravilapravo umetnicko delo, detska radost... a poveke od toa i ne treba - nema pogolemo blagodaram koga se gledaat radosnite detski ocinja... Blagodaram, a imam sega znaci i soznanie deka moze so tempera ili akvareli...