Овошно задоволство
За кората се делат белките од жолчките. Белките се матат со 100 гр шеќер во цврст шам, а жолчките се матат со останатиот шеќер. На шамот од белки се додаваат изматените жолчки се мешат полека, па се додава брашното измешано со густинот и маслото. Смесата се истура во тркалезен калап со пречник 26 см.се пече на 180 ц додека да зарумени.
Испечената кора добро се оладува па се издлабува внимателно (како на сликата).
За филот се става 600 мл млеко со шеќерот на оган и се остава да зоврие, па се додават измешаните пудинзи со останатото млеко, се вари крем и се остава да се олади. Во меѓувреме остатоците од кората се сецкаат (јас не ги ставив сите), праските се сецкаат, белото чоколадо се ренда на крупната страна од рендето и слатката павлака се мати. Во изладениот крем се додаваат изматената слатка павлака, чоколадото, кората и праските. Се меша се убаво да се соедини.
Издлабениот пандишпан се полни со филот до врв се израмнува. Во средината се редат парчиња праски и се декорира со изматена слатка павлака. Се остава во фрижидер да се олади и секако на крај се дегустира
Лиценца: Сите права се задржани