27
апр
2021
Овошни мафини без масло
Прекрасни посни мафини без масло, добредојдени за време на пости.
1. Рерната ја вклучуваме на 180 степени.
2. Во сад ги просејуваме брашното и пецивото, го додаваме шеќерот и оревите, мешаме со лажица.
3. Цедиме портокали и мериме 200 мл. свеж сок, го тураме во сувите состојки.
4. Ја пасираме бананата и ја додаваме на претходното заедно со ренданата кора од 1 портокал, мешаме се заедно.
5. Во калап за 12 мафини ставаме соодветно големи хартиени корпиња, ги полниме со смесата, и ги печеме во загреаната рерна 25 до 30 минути.
По желба кога ќе изладат може да се посипат со шеќер во прав.
(520)
Лиценца: Сите права се задржани