Овошна шарлота
Подготовка на пандишпанот
Јајцата со шеќерот и ванилата изматете ги долго, да постанат светли и кремасти. Потоа додајте го маслото па изматите и на крај брашното и пецивото. Изматите да се соедини смесата и истурете ја во намачкана со масло и посипана со брашно тава бр. 26.
Ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 мин.
Печениот пандишпан оставете го да олади и подгответе го филот.
Шумското овошје без да го одмрзнувате со 3-те лажици шеќер ставете го да вари некои 10-на минути додека му испари течноста. Оставете го да олади.
Слатката павлака изматете ја заедно со кондензираното млеко во цврст снег.
Поделете ја на 3 еднакви дела.
Два дела остануваат така бели а во третиот дел додајте го маскарпонето и со лажица убаво измешајте го да се соединат. Додајте го и оладеното овошје и повторно измешајте да се изедначи филот.
Пандишпанот исечете го на пола.
На едната половина нанесете го првиот бел дел од филот и измачкајте го. Над него нанесете го филот со овошјето и измачкајте го и накрај над него нанесете го останатиот бел фил. Ставете ја другата половина од пандишпанот.Сега следи декорација.
Изматете ја слатката павлака и со тенок слој (колку да залепат пишкотите) тортата странично премачкајте ја (а останатата е потребна за одозгора).
Пишкотите исечете ги во големина да висат 1- 2 цм над тортата или ако сакате може да ги оставите цели. Брзо и лесно натопете ги во ладно млеко и лепете ги околу по тортата.
Останатата павлака со шприц ставете ја над тортата и украсно наредете свежо овошје.
Тортата ставете ја во фрижидер убаво да се разлади потоа послужете се.
Лиценца: Сите права се задржани
4 JAJCA falat vo sostojkite, ako moze da se napisat!!