Сега е баш времето да почнете да го приготвувате овој овошен коктел
Се започнува со јаготките, тие се најрани, па во некоја голема тегла (најмалку од 3 л) турете го румот, па почнете да го ставате овочјето.
Чаша јаготки, од истата чаша шеќер. Потоа продолжете со друго овошје.
Постапката трае се до септември кога ќе завршите со крушите и грозјето.
За цело време теглата чувајте ја на некое темно место, ако можете во фрижидер уште подобро.
Праските, кајсиите или крушите, исецкајте ги, останатото овошје цело се става.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани