Оваа количина е за 2 порции.

Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме овесните снегулки, чиа семето и протеинот. Промешуваме со лажица. Го додаваме топлото млеко, промешуваме. Ги додаваме медот и аромата од ванила, мешаме со лажица и оставаме да стои 15 минути. Ја додаваме пасираната банана.
2. Овесната каша ја ставаме во чинии. Во средина ставаме по 1 лажица путер од кикиритки. Врз него ставаме половина од стопено темно чоколадо . Додаваме овошје по желба и јатки. Овесната каша ја ставаме во замрзнувач, 20тина минути.
Уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани