Овесната каша е вкусен појадок кој во голем број земји низ светот се јаде за поголема енергија на почетокот на денот – овес сварен во млеко и збогатен со прекрасни додатоци.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 250 гр. овесни снегулки
  • 700 мл. млеко од соја (или обично млеко)
  • 1 банана
  • 1 рака бадеми и лешници
  • 1 супена лажица мед

Вид на оброк: Појадок
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола.

Подготовка

Чекор 1: Исечкајте ги додатоците. Делимано сецкото е идеален за брзо сечкање на бадемите и лешниците. Потоа исечете ја бананата на тенки долги парчиња.

Чекор 2: За да започнете со подготовката на овесната каша ставете ги овесните снегулки во касеролата и посипете ги со 400 мл млеко. Сега користиме млеко од соја поради постот. Остатокот од млекото ќе го додадеме подоцна, а сега започнете со загревање на овесот во млекото. Постојано мешајте исто како да готвите рижото, за да не се залепат овесните снегулки на дното.

Чекор 3: Кога кашате ќе почне да се згуснува додаваме уште 100 мл. млеко и продолжуваме со мешање. На крај го додаваме остатокот од млекото и убаво промешуваме пред да го тргнеме од шпоретот.

Чекор 4: Ставете од кашата во подлабок сад и одозгора посипете со исечканите бадеми и лешници, парчињата банана и темен мед.

СОВЕТ: Кога ќе го подготвувате овој рецепт користете бели овесни снегулки, бидејќи тие се помеки и полесно се варат. Но, овесните снегулки можете и одвечер да го покиснете во вода или во млеко.Оовесната каша е најдобра за појадок бидејќи ви дава доволно енергија за целиот ден, а млекото од соја му дава вистинска кремаста текстура на овој рецепт.