Бидејќи обожавам се што е со вишни, овој рецепт го прилагодував и ги додадов вишните кои во комбинација со чоколадото даваат посебен вкус.
Рецептот е за 1 лист обланда, а може по потреба да се зголеми дозата.
Многу брз и лесен рецепт!
1. Листот обланда се става во влажна кујнска крпа да омекне.
2. Маргаринот, шеќерот, чоколадото и вишните (јас ставив замрзнати и исечкани вишни) се ставаат во тенџере да зовријат додека да се стопи шеќерот.
3. Кога смесата ќе зоврие се трга настрана и се додаваат мелените бисквити
(може и посни) и добро се меша.
4. Малку кога ќе подизлади смесата се нанесува рамномерно на омекнатата обланда и се витка во ролат. Изладен се сечи и се декорира по желба.
Наредниот пат ќе пробам да ставам џем од вишни (но не да врие во смесата) и верувам дека ќе биде уште повкусно.
Оваа обланда може да биде со посно чоколадо и бисквити за во посни денови.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани