Во солена зовриена вода ставете ги нудлите да се варат(запазете го времето на варење посочено на пакувањето).

Во друго тенџере со зовриена вода ставете ја тиквичката исечена со лупалка за компири на тенки листови во должина.
Оставете ја да се обари најмногу 2 минути.

Во тава на оган ставете го маслото од сусам, сецканото луто пиперче, ренданиот ѓумбир и сецканото лукче.
Кратко пропржете ги па додајте ги шампињоните.

Откако ќе испари водата од печурките додајте ги во тавата обарените листови тиквичка, сецканиот коријандер, соја сосот, јаболковата киселина и водата.
Исклучете го шпоретот и додајте ги сварените и исцедени нудли.
Промешајте убаво и сервирајте со наросување на сецкано перце од млад кромид.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани