Непечени пудинг коцки
1. Најпрво од млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер сварете го пудингот и оставете да се излади. Маргаринот пенасто изматете го и соединете го со оладениот пудинг од чоколадо. Изматете ја слатката павлака и неа додадете ја во филот и со миксерот на помала брзина соедините ги и додадете ги лешниците.
2. Мелените бисквити, кокосот и ренданото чоколадо измешајте ги и додадете 5-6 лажици од готовиот фил. Доколку ви е сува смесата слободно може да додадете малку млеко. Со рака или лажица замесете ја смесата и во калап бр. 24 со обрач нанесете ја смесата и убаво распоредете ја.
3. Врз првиот слој нанесете го филот и ставете во замрзнувач малку да се стегне.
4. Слатката павлака загрејте ја малку, никако да проврие и додадете го ситно исецканото чоколадо и мешајте додека се растопи чоколадото, па нанесете врз филот. Јас украсив со чоколадно трошки, а вие можете како сакате.
5. Забелешка - Во првиот слој наместо кокос може да ставете ореви, лешници, бадеми, што сакате исто и во филот, мене моментално тоа ми се најде по дома па тоа и ставив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови