Непечена кокосова торта
Ова е прв рецеп што го испраќам и се надевам ќе ви се допадне.
Непечената кокосова торта ја направив на Велики Четврток и многу ме изненади нејзиниот вкус. Сум правела многу варијанти така што додавав како, крем бананки, сува брусница, но оваа варијанта со кокос ми остави најголем впечаток. Обично, во оваа торта се става 200-300 гр шеќер, но јас ставам само 50 грама имајќи ги предвид бисквитите и чоколадата.
Најпрво вака направив
Во тенџере ставете го маргаринот и истурете го млекото заедно со водата. Топете го маргаринот на тивко. Кога ќе забележите дека маргаринот почнал да се растопува, во тенџерето истурете го шеќерот заедно со ванилиниот шеќер, вклучете на појако и мешајте со дрвена лажица. Потоа додадете ја белата чоколада искршена на коцки и мешајте непрекинато додека не се растопи. Откако ќе се стопи, промешајте и проверете дали се е растопено. Оставете го настрана да се олади.
Следниот чекор се бадемите. Бидејки немам машинка за мелење, ги ставив во ќеса и поминував силно врз нив со сукало додека не се распарчат ситно, внимавајте да не бидат премногу ситни. По ситнењето, земете еден голем сад и во него кршете ги бисквитите на парчиња. Кога ќе ги искршите, во нив истурете го кокосовото брашно и промешајте со лажица. Најпосле, во садот со бисквити и кокос, истурете ја оладената смеса од тенџерето и месете додека смесата ја впијат бисквитите.
Во правоаголен калап истурете ја соединетата смеса.
Во истото тенџере ставете ја црната чоколада и 2-3 супени лажици вода за да не се залепи чоколадата за тенџерето. Растопете ја, истурете ја врз соединетата смеса во калапот и распределета ја рамномерно. Откако ќе глазирате, наросете ги иситнетите бадеми врз растопената црна чоколада. Оставете ја 20на минути да се подолади и после ставете ја во фрижидер. Почекајте 4-5 часа да се стегне и тортата е спремна за дегустација.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
се надевам дека ова блакце ќе го задоволи вашето сетило за слатки задоволства