Ова е одличен рецепт за супер вкусни макарони со пилешко месо - а ла Бубе. Подгответе одлични макарони во само 5 чекори.
1. На загреано масло се запржуваат морковот, пиперките и кромидот.
2. Откако ќе омекнат се додава и пилешкото месо, претходно малку подварено и исечкано на ситни парченца. Се додаваат и зачини вегета, сол и црн пипер.
3. По 10тина минути се додаваат и маринирани шампињони (а може и свежи).
4. Додадете многу малку вода и динстајте ја смесата додека водата испари и состојките не почнат да се пржат.
5. Откако водата ќе испари, додадете доматен сос и на тивок оган оставете го сосот уште 10тина минути.

Макароните сварете ги во врела вода со малку масло и сол.

Во чинијата ставете макарони и прелијте ги со сосот, по желба ставете оригано или сушен магдонос и декорирајте со листови нане.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови