Највкусните Фритули
Овие мали и слатки Фритули- крофнички се подготвуваат за само неколку минути. Идеални за брз и вкусен појадок... Нас ни се највкусни.
1. Смесата се подготвува на следниот начин- најпрво со жица ги разматуваме следниве состојки во наведените количини(кисело млеко, јајце, шеќер, сол, ванила, ракија и рендана кора од лимон или портокал). Потоа ги додаваме претходно измешани брашното и пецивото, миксираме кратко колку да се хомогенизира смесата.
2. Сега го уклучуваме маслото да се загрее на средна температура(кај мене на 4-ка, од вкупно 6). Проверете со помош на дрвена лажица дали е доволно загреано маслото(околу лажицата треба да се формираат мали меурчиња). Црпиме од смесата со помош на мало лажиче кое сме го брцнале кратко во маслото, потоа смесата ја пуштаме блиску и директно во маслото, буткајки ја со помош на друго лажиче. При пржењето сами се превртуваат, но пожелно е и вие да ги превртувате по неколку пати до заруменување.
3. Испржените фритули ги вадиме врз хартиена салфета. Послужете ги со прав шеќер, мед, мармалад, џем, чоколаден прелив... Иако дури и без ништо се одлични.
Забелешка -
- Ракијата се додава за да не впијат мрснотија фритулите.
- Единствена мана им е тоа што бргу ги снемува од масата(пожелно е да се прави дупла доза).
- Пржете ги во мало тенџерче, во повеќе масло- да пливаат, да не допираат на дното.
- Формата се добива со внимателно пуштање на смесата, да паѓа на едно место, за што треба трпение, иако и доколку ви испаднат безформени...вкусот сепак им е загарантиран.
Лиценца: Сите права се задржани
Ги видов и твоите - фантастични се, на изглед совршени (тешки се за да ги погодиш на изглед) треба трпение.
Поздрав
Mn ubavi se i tvoite
Сега им дојде редот, и баш беа расположени за сликање :)
Ти благодарам