Највкусните макарони со пилешко
Состојки
- 400 грама пилешко месо
- 100 грама шампињони (свежи или маринирани)
- 1 главица кромид
- 2 моркови
- 2 зелени, благи пиперки
- 250 мл. доматен сос
- 400 грама макарони
- зачини сол, црн бибер и мешан сув зачин
Подготовка
Ова е одличен рецепт за супер вкусни макарони со пилешко месо - а ла Бубе. Подгответе одлични макарони во само 5 чекори.
1. На загреано масло се запржуваат морковот, пиперките и кромидот.
2. Откако ќе омекнат се додава и пилешкото месо, претходно малку подварено и исечкано на ситни парченца. Се додаваат и зачини вегета, сол и црн пипер.
3. По 10тина минути се додаваат и маринирани шампињони (а може и свежи).
4. Додадете многу малку вода и динстајте ја смесата додека водата испари и состојките не почнат да се пржат.
5. Откако водата ќе испари, додадете доматен сос и на тивок оган оставете го сосот уште 10тина минути.
Макароните сварете ги во врела вода со малку масло и сол.
Во чинијата ставете макарони и прелијте ги со сосот, по желба ставете оригано или сушен магдонос и декорирајте со листови нане.