Намаз од пченица или хељда
Значи кога ќе ми тргне, не застанува!
Го правев намазов прво со хељда. Чист експеримент, испадна феноменално. Три деца со вкупна возраст од 4 години се утепаа од јадење ко да не виделе јадење. Зинуваа како чавчиња. Така и се случи рецептов, мислев што да им направам за јадење, а и ние ќаривем покрај пилиштариве =))
Хељдата на намазот му даваше шмек како модар патлиџан, а пченицата не знам како да објаснам, ама нема шанси да знаете дека основата е пченица.
Што и да одберете процедурата е иста.
Се става во тенџере, се ПРЕварува за полесно да се миксира, се цеди водата, се става во блендер и се додаваат другите состојки.
На сликава е намазот од пченица. Мислев дека е преварена, ама фалеле уште 15-20 минути за да се распадне убаво.
Оваа доза е многу голема, па кога ќе ја ставате во блендер или миксер што го имате по дома, поделете ја на 3-4 дози за поубаво да се измазни. Најубаво е кога е еднолично, како паста.
Густината ќе си ја прилагодите по вкус со додавање на кисело млеко, павлака или евентуално јогурт за разредување.
Кога го приготвувам за со крекери, го правам малку помеко, поретко не е баш вистинскиот збор. Кога го правам за малишани да јадат, го правам погусто за да не им паѓа од лажица кога стручно и спретно црпат =))
Ајде Лили, те чекам да направиш осмина доза за цела недела =))
Лиценца: Сите права се задржани
Kje se proba,ni treba nekoj namaz po doma malku porazlicen.
Za osmina doza na decimali treba da meram, problematicno e. Ama na pettina tamam vo celi broevi mi ispaga :))
E sega dobro, mozebi 10 dena ke go trosime, ama toa e :)))