Мусака со рендaн компир
Изрендајте ги компирите, морковите и кашкавалот и измешајте ги заедно во еден длабок сад заедно со солта и зачините.
Од брзање, јас го изумив кашкавалот, па ставив на крај рендан одозгора.
Исечкајте го ситно кромидот и испржете го заедно со месото. Пред крај зачинете и тргнете од оган.
Во намастена тава 20х30 ставете и израмнете половина од ренданата содржина, врз неа распоредете го филот и на крај останатата половина.
Турете една поголема чаша вода, покријте со фолија и ставете да се печи во загреана рерна на 220С додека испари течноста, барем 20на мин.
Изматете ги јајцата со јогуртот и посолете малку.
Тавата извадете ја од рерна, избоцкајте ја насекаде со вилушка и прелијте ја со јајцата, па вратете во рерна без фолијата да се допечи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови