Морков торта
Јајцата ги матиме со шеќерот. Кога се изматени го додаваме брашното промешано со пецивото. Печеме во тавче бр.24 см на 180 степени.
Морковот го вариме заедно со кората од лимон додека морковот убаво да омекне. Потоа морковот го блендираме убаво да се раскаша и во него ја додаваме ванилата, шеќерот и водата во која сме го раствориле густинот. Вариме додека да се згусти, а потоа оставаме да се излади.
Во 1 чаша млеко додаваме шеќер и ванилин шеќер во половината чаша го раствараме брашното и густинот. Кога млекото и шеќерот ќе зоврие го додаваме другата половина од млекото и вариме густ крем во густиот крем додаваме 1 лаж путер и го оставаме кремот да се излади.
Готовата кора ја пресекуваме на половина да добиеме 2 кори и ги попрскуваме со половина чаша млако млеко. Едната кора ја премачкуваме со кремот од млеко, а врз него половината од морков крем, па преклопуваме со другиот дел од кората и ја премачкуваме со морков крем.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови