Овој колач е превкусен и прекрасно изгледа...
1.Во длабок сад измешајте ги сувите состојки(за филот) со малку млеко(од 800-те мл), а останатото сипете го во тенџере на оган,откако млекото ќе зоврие додајте му ја смесата за филот и сварете го во убав и густ пудинг а потоа додате ги претходно ситно исечканите чоколадо и маргарин.

2.Натопувајте ги бисквитите во млекото и редете ги на најлонска фолија една до друга,по 3 во должина и шест во ширина.Откако ќе наредите еден ред премачкајте со филот,кога и по втор пат ќе додадете фил ставете ги бананите по ширина,во средината,и продолжете да редите бисквити и фил од страните(не врз бананите).Редете така додека не ви се потроши доволно фил,а да ви остане за преку колачот.

3.Потоа свиткајте ки бисквитите он краевите кон средината на колачот,кога ќе се уверите дека нема да падне додека се замрзнува,ставете го во долгнавеста чинија а потоа ставете го во фрижидер и чувајте го од еден до еден и пол час.

4,Откако ќе го извадете колачот, премачкајте го со филот и наросете со оревите или со бисквитите. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани