Мини крофни
Ова се крофните на Теа - нејзин рецепт, моја презентација
- Во млакото млеко ставете 1 лажица шеќер и квасецот, оставете околу 5-6 мин. да се запени.
- Во садот во кој ќе месите ставете измешани двата вида на брашно, солта, кора од лимон и остатокот од шеќерот, зејтинот, жолчките. Додадете го веќе стасаниот квасец и млекото, румот и замесете еластично тесто.
- Поделете го тестото на мали топчиња (30 гр.) и секое топче добро оформувајки го ставете го на побрашнета крпа - така со целото тесто. Покријте со друга крпа и нека стои 20 мин. Сега свртете ги - оставете пак нека одстојат 20 мин.
- Загрејте го зејтинот како вообичаено - да не е прегреано, пржете ги кратко време колку да заруменеат. Секоја крофна како ќе ја вадите веднаш ставајте ја во кристал шеќер и увалкајте ја. Така со сите крофни се додека не ги испржите.
- Можете доколку сакате и да ги полите дополнително со џем од кајсии, крем.. ганаш, а сосема се одлични и без полнење.
Забелешка
- Овие крофни не се внатре шупликави,
- Потребно е да се пржат на не многу врел зејтин - спротивно тие внатре нема да ви бидат целосно испржени.
- Може тестото да се меси и на рака и со миксер.
- Брашното не ставајте го одеднаш целото. Напишан е оригинал рецептот, но кај мене се замеси со околу 400 гр. брашно. Доколку ви е лепливо тестото дополнително додадете ги тие 100 гр. брашно.
Од мене е тоа драги мои, останува доколку имате мерак за крофни, да ги пробате.
Лиценца: Сите права се задржани
Лани правав многу фалени фритули со рум и цимет. Кај нас дома глобално завршија во канта :) Од тогаш рум во вакви десерти за нас не :) Можеби се работи до вкус, а можеби јас нешто сум утнала правејќи, ама знам дека уште долго не ќе смеам да се осудам. Сепак, кога друг вака убаво ќе ги спреми, како твоиве радо би пробала една :) Жолтата боја на нив ми е особено привлечна.
хах Лиле како испаѓа најчесто кај тебе да си искажам вакви работи