Испечати

Мини крофни

Мини крофни

Состојки

  • 250 гр. остро брашно
  • 250 гр. меко брашно
  • 40 гр, квасец
  • 200 мл. млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 50 мл. зејтин
  • 3 жолчки
  • 2 лажици рум
  • 1 неполна лажица сол
  • и малку кора од лимон или портокал или лимета
  • 2 лажици рум
  • дополнително за валкање кристал шеќер

Подготовка

Ова се крофните на Теа - нејзин рецепт, моја презентација
 
- Во млакото млеко ставете 1 лажица шеќер и квасецот, оставете околу 5-6 мин. да се запени.
- Во садот во кој ќе месите ставете измешани двата вида на брашно, солта, кора од лимон и остатокот од шеќерот, зејтинот, жолчките. Додадете го веќе стасаниот квасец и млекото, румот и замесете еластично тесто.
- Поделете го тестото на мали топчиња (30 гр.) и секое топче добро оформувајки го ставете го на побрашнета крпа - така со целото тесто. Покријте со друга крпа и нека стои 20 мин. Сега свртете ги - оставете пак нека одстојат 20 мин.
- Загрејте го зејтинот како вообичаено - да не е прегреано, пржете ги кратко време колку да заруменеат. Секоја крофна како ќе ја вадите веднаш ставајте ја во кристал шеќер и увалкајте ја. Така со сите крофни се додека не ги испржите.
- Можете доколку сакате и да ги полите дополнително со џем од кајсии, крем.. ганаш, а сосема се одлични и без полнење.
Забелешка
- Овие крофни не се внатре шупликави,
- Потребно е да се пржат на не многу врел зејтин - спротивно тие внатре нема да ви бидат целосно испржени.
- Може тестото да се меси и на рака и со миксер.
- Брашното не ставајте го одеднаш целото. Напишан е оригинал рецептот, но кај мене се замеси со околу 400 гр. брашно. Доколку ви е лепливо тестото дополнително додадете ги тие 100 гр. брашно.
Од мене е тоа драги мои, останува доколку имате мерак за крофни, да ги пробате.