Подготовка на пандишпанот
1. Вклучете ја рерната на 170 степени. Обложете едно квадратно калапче од 18 см со хартија за печење.
2. Во сад со миксер матете ги јајцата и шеќерот додека не добиете густа и кремаста смеса.
3. Путерот растопете го во тава на оган.
4. Брашното додајте го во садот со јајцата полека малку по малку и мешајте со жица за матење. На крај додајте го и путерот и мешајте со жицата додека не добиете хомогена смеса.
5. Смесата префрлете ја во калапчето за печење и печете 20-25 минути. Откако ќе се испечи оставете го во калапчето уште 5 минути. Потоа извадете го пандишпанот и исечете го на коцки. Излегуваат 30 коцки. Ставете ги коцките во фрижидер 20 минути да се изладат.
.
Подготовка на глазурата
1. Во меѓувреме ја подготвуваме глазурата. Во сад на пареа растопете го белото чоколадо, додајте ги путерот и млекото и мешајте со лажица секогаш во истиот правец додека глазурата не стане хомогена.
2. Тргнете го садот од оганот и во него додајте го шеќерот во прав и мешајте додека глазурата не стане мазна.
3. Во чинија ставете го кокосот. Коцките најпрво мацнете ги во глазурата, протресете го вишокот на глазура и провалајте ги во кокосот.

Совет-Кокосовите коцки може да ги послужете веднаш или да ги чувате во херметички сад до една недела распоредени во слоеви измеѓу со мрсна хартија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани