Посни кокосови коцки
Малку поинакви кокосови коцки од стандардните, ама лично за мене се многу поубави. Не сум некој голем поборник на здрава храна, ама има некои рецепти кои ми прават огромно задоволство. Таков е и овој.
Подготовка:
1. Урмите ако се посуви ќе треба да ги искиснете во вода, за да можат убаво да се изблендираат. Ако се меки тогаш прескокнете го овој дел.
2. Бананата изгмечете ја, ставете ја во блендерот. Индиските ореви сомелете ги како брашно и нив додајте ги во блендерот. Ставете ги урмите, медот, какаото и ванилата и кратко измешајте ја смесата. Извадете ја од блендерот и додајте го кокосот. Количината на кокос може и да варира, во зависност од големината на бананата и урмите. Смесата не треба да е многу сува.
3. Од оваа количина се прават околу 16 помали коцки. Јас искористив пластично кутивче, ставив фолија и смесата ја израмнив, па отиде во замрзнувач на половина час.
4. Состојките за чоколадната глазура ги ставив во микробранова, многу кратко време, само колку да се растопат. Секако ова може да се направи и на пареа.
5. Извадете ја смесата од мразот, исечете ја на коцки, секоја коцка прво ја макате во глазурата, а потоа во кокос.
Уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови