400 мл млеко со шеќерот и маргаринот се ставаат на рингла додека да се растопат. Се остава да се оладат (да биде млако).
Квасецот се става во останатите 100 мл млеко со малку сол и една лажичка брашно да надојде.
Во поголема вангла се става брашното се додава квасецот, јајцата и малку по малку од млекото со маргаринот и шеќерот да се замеси меко тесто. Се остава 1 час да стаса. Се дели на 6 дела. Секој дел се сука во правоаголна кора се мачка со мармалад и се витка во ролат. Се витка плетенка (во случајот два)краевите се прицврстуваат со чепкалка и се оставаат да стасаат половина час. Се премачкуваат со јајце и се печат на 200 степени околу 1 час. По потреба се намалува температурата да не изгорат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови