Кога сите се гладни и им се брза да добијат вечера, а меленото месо не можи да чека и утре во фрижидерот, на памет паѓаат понекогаш луди идеи, на пример како оваа : ) Пржени лепчиња со залепена плескавица од едната страна ; )
Во меленото месо изрендајте го кромидот, додадете ги зачините и јајцето, па убаво измешајте ја смесата. Секако, наместо со овие зачини, вие можи да си го спремите со вашите омилени.
Јајцата и јогуртот или млекото разбиете ги со вилушка во плиток помал сад.
Секое парче леб од едната страна премачкајте го со смесата мелено месо, а од другата страна макнете го во смесата со јајца.
Ставете го да се пржи во загреано масло најпрво со меснатата страна на долу, па откако ќе се испржи, свртете го и од другата страна.
Пржените лепчиња, одложете ги најпрво врз кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија, па потоа послужетеги. Убави се и топли и ладни.

Ние имавме купен, готов сечен леб. Таквите парчиња се најчесто тенки, како во овој случај, па премачкувањето со меленото месо треба да е исто така тенко. Доколку пак сами си сечите парчиња, можи да ги направите подебелки и со малку подебел слој.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани