Белото месо се сече на тенки ленти и се трга на страна. Во тава ставете да се пропржи кромидот со печурките. Кога е готово тргнете го на страна.
Посебно се мати павлаката со јајцата. Се додава сол и пола од смесата, се трга на страна и во нејзе се додава маслото и киселата вода. Добро се промешува. Другиот дел ставете го на страна.

Се земаат по две кори и се мачкаат со филот од масло и кисела вода. Се така до половина од корите. На средина се става од смесата со печурки, се попрскува со кашкавал, редите парчиња шунка и дел од белото месо на ленти. Се добро се посолува со сол, оригано и бибер и малку сенф или кечап (по желба)
Се витка во ролата и се става во подмачкан плех. Постапката се повторува и со остатокот на другите кори. Вака ќе добиете два ролата. Со смесата од јајце и павлака сега премачкајте ги ролатите одозгора и од страна и ставете да се печат на 180 степени 1 час.
Прекрасен ролат за секоја пригода. Јас го правев за Нова година.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови