Мермерен венец
Не можев да се изначудам каква убавина е благцево. Рецептот го најдов на задната страна од прашакот за пециво и ми стоеше на фрижидер со магнет закачено предолго време. Решив да го пробам и се покајав што не сум го пробала порано.
Ајде да почнеме со создавањето убавини
Се двојат белките од жолчките. Белките се матат додека да станат цврст снег и се оставаат на страна. Се матат убаво, пенесто и жолчките со шеќер, ванилин шеќер и на крај се додава растопениот путер. Ние дома си имаме свинска маст и тоа си користиме за сите рецепти место путер, маргарин и масло. Супер е, нема разлика.
Ако ставате кора од лимони суво грозје(според оргиналниот рецепт), го додавате сега, ама јас не ги поднесувам тие две состојки, па додадов сок од лимон. Се додаваат и 10те лажици млеко. Во рецептот имаше и 3 лажици масло, ама јас не ставив, затоа и не е пишано во состојки. Не ми беше јасно што ќе ми е масло кога има путер(маст во мојов случај)
На крај се додава брашното, помешано со прашакот за пециво и убаво се меша. Од како ќе се соединат состојките, се додаваат и цврсто изматените белки мешајки со лажица, а не со миксер.
Од смесата се одвојува дел (окулу третина) и се става во друг сад каде се додаваат 2 лажици какао и 2 лажици рум и убаво се меша.
Садот во кој сакаме да печеме го намастуваме, посипуваме со тенок слој брашно и во него сипаме дел бела смеса, малку темна, пак бела....по желба, додека да се потрошат двете смеси.
Препорачувам најгорната смеса да е бела или барем да преовладува бела, за да се има контрола во печењето. На темна смеса не се гледа убаво колку е потемнета од печење.
Се пече на 200 степени 30-40 мин.
За декорација по желба може да се посипе со шеќер во прав иако кај нас не доживеа ни тоа да го дочека =))
Вашиот десерт би требало да биде попуфкав(понараснат) од овој на сликата. Мене ми се расипа миксерот пред некое време, па смесата ја матев делумно рачно, а после и со најновиот изум доле на сликата. Ја монтиравме перката за матење на шрафилицата и да не беше празна батеријата може и посаглам ќе беше =))
Затоа белките не беа најцвсти и не дадоа пуфкавост на целата смеса.
Мислам дека треба да се стави и графа ВРЕМЕ НА ЈАДЕЊЕ и јас и Шеќерко ќе бидеме рекордери во тоа =))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
клариште, кој па рекол дека коментарот мора да е за рецептот...и времето денес е секогаш добра тема за почнување муабет :) :) :) :)
и во случај да си заборавила работата го создала човекот (особено кога е гладен) :) :) :) :)
дани, ех дани дани, бабите никој никогаш не може никој да ги надмине. мојате е високо на пиедестал, не се ни осмелувам да погледнам нагоре, не па да ја стигнам :) :) :) :) :)
а за рецептот: ние РУЧАВМЕ од него, а ни остана четврт за десерт, 2 во 1 :) :) :) :)
мис би, не ли ти е жал за девојчето!?!
си станала како математичарине генијалци. седнале решаваат равенки, вадат корени, синуси, косинуси...и по некое време едниот му вика на другиот:
- колега, колку беше 2+2?
така и ти, на толку профи спремање, ова не го ни есапиш :) :) :) :)
мики, шеќерко предложи и на бормашина да се стави, ама немав ХТЗ опрема за да пробам :) :) :) :)
Odlicen brzinski recept :))))
и јас пробав да го направам пред некој ден. ќе ставам слика, само да ја најдам....не ми се веруваш што направив :) :) :) :)
ЛИЛИ МЕЈЛ!!!! :)