Во сад за месење, ставете го брашното измешано со пецивото и солта и направете во средината длабнатина. Ставете дел од топлото млеко, шеќерот и квасецот и оставете да запени. Додадете ги и останатите состојки и замесете меко тесто, кое ќе го оставите на топло да се дуплира.
Премесете го тестото и од него оформете 8 топчиња. Секое топче сплескајте го и намакајте го во масло. Така спремените мекици оставете ги 15 мин. Потоа пржете/печете ги на загреано суво тавче од двете страни. Внимавајте ринглата да не е најсилно пуштена, ами малку помалку за да не ви изгорат одеднаш.

П.С. Јас не ставив пециво, иако го има во рецептот, па сепак бевме презадоволни од резултатот.
-Можите да ги конзумирате и во солена и во топла варијанта. Во нашиот случај изборот падна на ајвар, сирење и свежа салатка-апсолутен погодок.
-За оние кои постат, лажицата павлака нека ја заменат со маргарин, секако посен и млекото со вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани