Јајцата со солта се матат со вилушка.Им се додава кисело млеко, убаво се соединува смесата.
Квасецот, шеќерот и брашното се раствораат со малку топла вода.Вака подготвениот квасец се додава во смесата од јајцата и киселото млеко, убаво се изедначува смесата и се остава да постои 15-на минути.
Од корите се зема по две.Значи една врз друга, без да се прскаат измеѓу.На горната кора се попрскува масло и се ставаат 3 лажици од подготвената смеса во средината по должина на зафатнина од 1/3.Се прска со ронки сирење или солена изварка.Краевите од корите, од лево и десно се свиткуваат кон средина над филот.И потоа од едниот крај се витка ролат.
(Јас многу се извинувам, ама многу набрзина ги правев и немам додатни фотографии, но штом ги направам следен пат, ветувам ќе прикачам, за да биде појасна постапката.)
Се ставаат во намрсена тава, одозгора се попрскуваат со масло и им се нанесува од преостаната смеса.Се посипуваат со сусам.Нека покиснат 15 минути.
Се печат (во загреана рерна) околу 35 мин. на 180 степени, додека порумени.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани