Брзи мали мазничиња
Најпрво направете ја смесата за премачкување. Во топлото млеко ставете го квасецот, шеќерот и брашното и кога ќе се активира додајте го маслото.
Секоја кора (внимавајте на корите, да не се многу тенки, туку е пожелно да се еластични) превиткајте ја на пола по ширина и премачкајте ја со 3 лажици од смесата. Ставете од филот и свиткајте ја во ролатче, а потоа во полжавче. Наредете ги сите мазничиња на плех со хартија, а се што ќе остане од смесата со лажиче прелијте го преку мазничињата. Одозгора наросете ги со сусам.
Печете во загреана рерна на 200 степени.
Јас филот го направиви од 1 парче праз, малку издинстан, со мешавина од коприви и штавеј, па кога се олади му ставиви 1 јајце и 100 гр сирење.
Може и со мелено месо, само со сирење и јајца... во зависност што си јадете најмногу...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови