24
јун
2015
Мезе од пиперки и сирење
Сирењето издробете го со вилушка. Додадете го кајмакот и омекнатиот путер, па се заедно компактно измешајте.
Чајната изрендајте ја или ако користите некое друго сувомеснато, како јас по желба на домашните-паризер, исечкајте го на ситни коцкички. Јајцата изрендајте ги. Се ова заедно со магдоносот, вмешајте го во смесата со сирењето.
Пиперките отсечете ги од кај дршката и внимателно извадете ја со семките. Со мало лажиче полнете ги од смесата набивајќи ги убаво.
Оставете ги барем 2 часа убаво да се стегнат во фрижидер пред да ги исечите на тенки кругови.
Лиценца: Сите права се задржани
Vo sekoj slucaj dekorativni se i vkusni