Испечати

Мезе од пиперки и сирење

Мезе од пиперки и сирење

Состојки

  • 300 гр бело сирење
  • 100 гр кајмак
  • 3 тврдо варени јајца
  • 80 гр путер
  • 130 гр чајна колбасица (овде е паризер)
  • 1 грст ситно сецкан магдонос
  • околу 8 зелени пиперки

Подготовка

Сирењето издробете го со вилушка. Додадете го кајмакот и омекнатиот путер, па се заедно компактно измешајте.
Чајната изрендајте ја или ако користите некое друго сувомеснато, како јас по желба на домашните-паризер, исечкајте го на ситни коцкички. Јајцата изрендајте ги. Се ова заедно со магдоносот, вмешајте го во смесата со сирењето.
Пиперките отсечете ги од кај дршката и внимателно извадете ја со семките. Со мало лажиче полнете ги од смесата набивајќи ги убаво.
Оставете ги барем 2 часа убаво да се стегнат во фрижидер пред да ги исечите на тенки кругови.