Црниот патлиџан испржете го во сосема малку масло по пола минута од двете страни, колку да омекни. Тргнете на страна.
Доматите доколку се многу суви, ставете ги во врела вода малку да омекнат, па потоа исечете ги на ленти.
Шницлите измијте ги под млаз ладна вода  и исушете ги со кујнска хартија. Исчукајте ги со кујнски чекан за да бидат тенки околу 4-5мм. Посолете ги, но внимавајте со солта затоа што пршутата и доматите се солени.
Секоја шницла премачкајте ја со по 1 лажиче зелен песто, ставете по едно парче црн патлиџан, врз него пршута и на крај ставете на секоја шницла по неколку лентички од доматите . Завиткајте ги во ролати и прицврстете со дрвени чепкалки.
Пржете ги во тавче на врел зејтин од сите страни додека убаво да поцрвенат. Додадете ја врелата супа и виното, намалете ја температурата на ниска, поклопете со капак и оставете ги 10 мин. да се продинстаат. За тоа време превртете ги еднаш.
Извадете ги ролатите и замотајте ги во алуминиумска фолија. Течноста во која се динстаа нека проврие па додадете во неа густинот растворен во 50мл. вода. Мешајте со жица за матење додека се згусни па на крај дотерајте го вкусот на сосот.
Послужете топло со прилог по ваша желба.

Вкусни се и ладни исечени на парчиња, погодни како fingerfood.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани