Подготовка

1. Во сад прво го потопуваме парчето двопек со млекото. Кога ќе омекни, со рака го процедуваме.
2. Во сад ги ставаме сите состојки за медаљоните и убаво смесата ја месиме со рака. Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите. Потоа ја делиме смесата на 5,6 парчиња.
3. Во тањир, вкрстени, ставаме по 2 парчиња сланина. Од првото парче смеса формираме медаљон, го ставаме врз сланината. Краевите ги внесуваме навнатре, формираме пакетче.
4. Ги редиме во тава во која има некоја капка масло. Ги печиме 10,15 минути од едната страна, па ги превртуваме од другата страна и печиме уште 10 минути.
Сервираме топли.

1798 рецепт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани